| четврток, 6 декември 2018 |

Андреа Јаноне со првата пол-позиција сезонава, Роси втор во Австрија

andrea janone

Италијанскиот моторциклист Андреа Јаноне ја освои својата прва пол-позиција во тековната сезона МотоГП шампионатот. Тој во последните минути на завршната квалификациска сесија успеа да извози побрзо време од Валентино Роси кој претходно беше пет стотинки побрз од вториот возач на Дукати, Андреа Довициозо.

Првата квалификациска сесија мина со голем број на изненадувања. Додека првите фаворити се штедеа, останатите импресионираа. Па така Јуџин Лаверти успеа за првпат да мине во втората квалификациска сесија. Сепак, возачот на Аспар Дукати не можеше да се држи со пребрзите возачи на Јамаха, Сузуки и Хонда па ќе мора да се задоволи со 11. стартно место на гридот. Џек Милер кој ја освои својата деби победа на влажната патека во Асен излета во четвртиот свиок и не можеше да влезе во ритам до крајот на квалификациите, па утре ќе стартува од опашката.

Марк Маркез кој излета на последниот тренинг и заработи мала дислокација на рамето успеа да извози петто најбрзо време и ќе стартува од вториот ред. Актуелниот првак Хорхе Лоренцо ќе вози покрај Маркез, а третиот ред ќе го комплетира Маверик Вињалес кој беше најбрз на воведните тренинг сесии во Австрија.

motoGP

Трката за Авсриското Гранпри на патеката Ред Бул Ринг е закажана за утре со почеток во 14.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top