| четврток, 6 декември 2018 |

Дојде и до тужби: Се скараа стариот и новиот партнер на Северина

milan popovic

Милан Поповиќ реши да стави крај на објавувањата на фотографии од неговиот син Александар на социјалните мрежи од Игорт Којиќ, сегашниот маж на Северина. Милан му се заканил на Игор дека за секоја идна фотографија ќе мора да плати околу 650 евра, пренесуваат хрватските и српските  медиуми.

Причината е, како се пренесува, е дека Милан не сака фотографиите да бидат достапни за гледање и коментирање од непознати луѓе, бидејќи така се привлекувале и педофили.

МИлан се обратил до Општинскиот суд во Загреб, каде поднел Предлог за привремена мерка. Доколку Игор не ја почитува, би му следела казната за наплата, а доколку не ја плати, би му следел затвор.

igor severinaИгор ја потврдил приказната, но не сакал да зборува за парите.

-Ги немам деталите од пријавата, со тоа се занимаваат моите адвокати. Ме загрижува тоа што се повеќе документи од разни тајни постапки излегуваат во јавност. Навистина не ги знам деталите од пријавата- вели тој за медиумите.

Милан претходно го предупреди Игор да престане со објавување на фотографии на малолетниот Александар. Но, бидејќи тој остана глув на предупредувањата, поранешниот партнер на Северина одлучи да реагира поостро. Дали ова ќе го спречи Игор во намерите да се фали како добро се сложува со малиот Александар, останува да се види.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top