| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел бара од компаниите да вработуваат бегалци

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика директорите на некои од најголемите компании во земјата да присуствуваат следниот месец на самитот, на кој од нив ќе се побара да вработат поголем број бегалци, пишува денеска весникот „Билд“.

Повеќе од еден милион мигранти пристигнаа во германија минатата година, а Владата во Берлин сака поголем број од нив да се најдат на пазарот на труд, со што ќе се намали нивната зависност од државна помош и ќе се компензира кусокот работна сила поради се повозрасното германско население.

Според „Билд“, Меркел ќе настојува германските компании, спротивно на нивната волја, да ги убеди да понудат стажирање и работни места за бегалците.

Компаниите тврдат дека поголемиот дел од мигрантите во германија не го знаат германскиот јазик и немаат потребно образование за изврпување на работните задачи.

Меркел се надева дека од шефовите на германските трговски гиганти ќе дознае што можат овие фирми да направат за интегрирање на мигрантите во работна сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top