| четврток, 6 декември 2018 |

ШК Алкалоид ја одбрани шампионската титула во Македонија

На јубилејниот 25. екипен шампионат на Македонија, екипата на шаховскиот клуб „Алкалоид“ ја одбрани шампионската титула и повторно убедливо и сигурно го освои првото место. Ова е петта едноподруга титула на фармацевтите, односно 19. шампионска титула. Алкалоид ги победи сите свои противници и освои максимални 10 бодови во петте мечеви, при што го изедначи минатогодишниот рекорд со просечни 5,5 освоени поени во секој меч – оставајќи им притоа на своите противници по едно реми во секој меч.

Во бергеров систем (секој против секого), на турнирот учествуваа шестте најсилни македонски екипи: Алкалоид, Гамбит Асеко СЕЕ, Карпош, Гостивар, Прилеп и 4-Ноември. На втората позиција се пласира екипата на Гамбит Асеко СЕЕ, додека бронзениот медал го освои екипата на Гостивар.

alkaloid

За Алкалоид овој шампионат претставуваше можност не само за уигрување на составот, но и како прв чекор односно анализа и продолжување на подготовките за главниот овогодишен екипен турнир т.е. настапот на европскиот клупски куп кој оваа година ќе се одржи во Нови Сад во периодот 06-12 Ноември и на кој ќе земат учество најсилните европски клубови.

Екипата на Алкалоид настапи покрај домашните играчи Филип Панчевски, Трајче Недев, Звонко Станојоски, Дејан Стојановски, Драгољуб Јаќимовќ и Влатко Богдановски, засилен со елитните светски велемајстори Павел Елјанов (УКР), Дмитри Андреикин (РУС), Дмитри Јаковенко (РУС)и Јуриј Криворучко (УКР). Се очекува на европскиот куп во борбата за еден од медалите Алкалоид да настапи засилен со уште двајца силни велемајстори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top