Над 40 тима на проценители во моментов се на терен во поплавените подрачја и вршат увид во загрозените домаќинства.
Тимовите за процена до вчера имаат извршено увид и во преку 200 оштетени моторни возила. Очекувањата се дека во текот на денот комплетно ќе бидат завршени увидите во Црешево, Страчинци, Смилковци, Булачани, Виниче, Раштански Пат, Инџиково и Брњарци.
По овие локации тимовите ќе се упатат и кон другите места, со што ќе се придонесе за дополнително интензивирање на процесот.
Информациите говорат дека заклучно со вчерашниот ден е извршен увид во над 1.200 домаќинства каде што се попишуваат штетите во две категории, недвижен и движен имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.