Комисиите за вршење увид на оштетените објекти и возила во поплавата продолжува и денеска. Заклучно вчера направен е увид во 3200 објекти и 1200 возила, вели за Република Дени Ѓорчевски, директор на Бирото за судски вештачења.
-Имаме уште одредена дополнителна работа во Сингелиќ , бидејќи таму имаше најголем број оштетени објекти и возила. 90 проценти од објектите ги имаме посетено, па намален е бројот на комисии кои беа на терен во ударните денови. Денеска во оптек имаме 25 комисии кои се на терен и сметаме дека денеска ќе се заврши најголемиот дел од сите населени места. Може да остане уште неколку дена за луѓе кои не биле посетени, да бидат посетени дополнително. Населеното место Сингелиќ, каде што ќе се работи денеска и утре, сметаме дека во четврток ќе го имаме и тоа место завршено со увид за оштетените објекти и возила- посочува Ѓорчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.