Вчера во 10,25 часот на крстосницата во Штип, на крстосницата од ул.„ЈНА“ со ул.„Борис Кидриќ“ при вршење увид на случена сообраќајна незгода помеѓу две возила, полициски службеник од полициската станица за БПС-Штип паднал и се повредил во пределот на главата.
Со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Клиничка болница Штип, каде му се консатирани телесни повреди, поточно контузија на меките тела на лицето и скршеница на носна коска, по што му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.