| четврток, 6 декември 2018 |

Алиевски раскажува како се спасил од поплавите: Кучето ме спаси од сигурна смрт

kuca poplavi

Џемаиљ Алиевски од село Арачино за Утрински сведочи за хоророт што го преживеал во саботата за време на невремето во скопскиот регион. Тој раскажува како неговото куче го спасило од надојдената вода.

– Само десет минути ме делеа од сигурна смрт! Оставив се, влегов во возилото и се упатив кон Арачиново. Се спасив од сигурна смрт благодарение на кучето кое малку пред да надојде водата почна нервозно да лае. Погледнав кон него и гледам се качило на куќичката и продолжува да лае во правец од каде што дојде водата. Го земав и побегнав. Ја оставив нивата, но спасив жива глава – изјавил Алиевски за „Утрински“.

Тој додал дека е среќен што останал жив и вели сѐ во животот се надоместува освен човечките животи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top