Вардар го победи Тетекс со 3-0 и го задржа чекорот во битката за титулата, а Металург се врати чекор назад по ремито, 1-1 во Тетово против Шкендија. Двата последни натпревари од 28. коло се играа попладнево, а донесоа сосема спротивно расположение кај два од трите кандидати за шампионската титула. Вардар беше подобар од домаќинот Тетекс во населбата Ѓорче Петров и со двата гола на Јован Костовски и еден на Мите Цикарски забележа сигурен триумф. Сега актуелниот првак заостанува само еден бод зад Турново, кој е лидер со 56 бода на 5 круга до крајот на првенството.
Металург пропушти голема шанса да остане во конкуренција за првиот шампионски трофеј во историјата на клубот, а трагичар на натпреварот со Шкендија е искусниот Стевановиќ. Тој промаши пенал во 85. минута, при резултат 1-1, што скапо го чини тимот од Автокоманда.
Гостите поведоа во 8. минута со голот на Драговиќ, а израмни Таипи во 52. минута. Металург сега заостанува за 4 бода зад Турново и 3 зад Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


