| четврток, 6 декември 2018 |

Голем хуманитарен концерт вечерва во Охрид за настраданите во поплавите

Вечерва, четврток) со почеток во 20 на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт за настраданите во поплавите. Иницијатор на концертот е пејачката Елена Велевска која несебично ја поддржаа дел од колегите и со заеднички сили вечерва сакаат да соберат средства за настрадните во поплавите.

– Со овој концерт сакам да ги поттикнам и другите градови да организираат концерти и хуманитарни акции за да се соберат што повеќе донации. Веќе бев во Стајковци и ситуацијата е ужасна, сакам што побрзо луѓето да се излезат од тој пекол и да се вратат на своите нормални животи. Ве поканувам вечерва сите кои што сте во Охрид да дојдете на градскиот плоштад во 20 и заедно да донираме. Секоја помош е добредојдена – изјави Велевска.

На концертот ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Ристе Ристевски, Анастасија Петреска, Ѓоко Таневски, Петар Нечовски, Анета Наковска и многу други. Нивниот број постојано се зголемува.

Освен концертот, во Охрид може да се донираат најпотребните средства секојдневно од 10 до 18 на пунктот кој е поставен на градскиот плоштад веднаш спроти кафулињата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top