– Со овој концерт сакам да ги поттикнам и другите градови да организираат концерти и хуманитарни акции за да се соберат што повеќе донации. Веќе бев во Стајковци и ситуацијата е ужасна, сакам што побрзо луѓето да се излезат од тој пекол и да се вратат на своите нормални животи. Ве поканувам вечерва сите кои што сте во Охрид да дојдете на градскиот плоштад во 20 и заедно да донираме. Секоја помош е добредојдена – изјави Велевска.
Освен концертот, во Охрид може да се донираат најпотребните средства секојдневно од 10 до 18 на пунктот кој е поставен на градскиот плоштад веднаш спроти кафулињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.