На четврток, на 9 мај со почеток од 20 часот во Домот на култура ,,Кочо Рацин”- Скопје во галеријата ,,КО-РА” ќе се отвори самостојна изложба на слики од авторот Сашо Ацковски насловена „Современи механизми за контрола“. Тој ќе се претстави со дваесетина платна насликани со маслени бои на кои се прикачени електронски делови, микрочипови, кабли и бар кодови.
Целта на авторот е да го преслика, но истовремено и да упати критика кон современото општество засновано на масовно производство, маркетинг и конзумеризам, помогнато од енормниот техничко-технолошки развој. Преку визуелната претстава тој се обидува да покаже како сето тоа се рефлектира врз човекот и да предупреди на можните последици од современиот начин на живеење. Сликите му даваат можност на гледачот да ја развие започнатата или да креира нова сопствена приказна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


