Во Словенија во средина на август падна снег.
Словенија е под влијание на ладна воздушна маса која на земјата ѝ донесе дожд и ниска температура, а на повисоките места и снег.
Планинските врвови денеска во средина на летото побелеа од снег и таму завладеа вистинска зимска идила. Снежните врнежи со себе донесоа и ниска темппература, па на Кредарица темепратурата денеска била едвај 2 степена. Се очекува и во наредните денови да се задржи ладно време, па се советува на тамошните граѓани и оние кои ќе патуваат во Словенија, да си подготват потопла гардероба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.