| четврток, 6 декември 2018 |

Да ви се заврти во глава од наследството – потомокот на Пушкин е најмлад милијардер во Англија

miliВојводата од Вестминистер, лорд Џералд Гросвенор, третиот најбогат човек во Англија ненадејно почина на 65 години. Вредноста на неговиот имот се проценува на 9,35 милијарди фунти.

Војводата зад себе ги остави сопругата Наталија, трите ќерки и синот Хју, кој според законот ќе ја наследи титулата и најголем дел од имотот. Медиумите потсетуваат дека младиот Хју сака раздуздан и расипнички живот и потсетуваат дека тој за прославата на својот 21. роденден направил забава на која потрошил пет милиони фунти.

Интересно е дека мајка му на Хју, Наталија е потомок на прочуениот Александар Сергејевич Пушкин.

Пушкиновата ќерка Таша имала само 8 месеци кога тој е убиен во двобој. Подоцна таа се омажила за германскиот принц Николај Вилхем, а нејзината ќерка се омажила за вункот на рускиот цар Николај Први. Тие двајцата се преселиле во Англија, а една од нивните ќерки се омажила за роднина на британската кралицата Елизабета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top