Кошаркарскиот клуб Барселона одлучи да ја раскине соработката со досегашниот тренер Јоргос Барцокас. Тоа што неколку дена се најавуваше, сега е и официјално, каталонскиот гигант ќе побара нов тренер за следната сезона, иако грчкиот стратег имаше договор на уште една сезона.
Барцокас со Олимпијакос во 2013 година го освои Ф4 во Евролигата, а потоа имаше одлични резултати и со Локомотив Кубан, па раководството сметаше дека ќе биде идеална замена за Чави Пасквал, кој замина во Панатинаикос. Сепак, Барцокас не ги оправда очекувањата, Барселона заврши на 11.позиција во Евролигата, а не беше конкурентна ниту во Ендеса лигата.
Како најсериозен кандидат за клупата на Барселона се споменува Шарунас Јасикевичиус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“?
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)