| четврток, 6 декември 2018 |

Емотивно писмо од Ѓоковиќ: Погледнете што им порача на своите навивачи по елиминацијата во Рио

novak place

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ неочекувано брзо го заврши својот настап на Олимписките игри во Рио откако прво беше поразен од аргентинецот Дел Потро, а потоа испадна и од натпреварувањата во двојки со својот партнер Ненад Зимониќ. Сепак, како што тој открива во своето писмо кон неговите фанови, најдобриот светски рекет не бил физички спремен за настап на Олимпијадата, а заради тоа се повлекува и од турнирот во Синсинати, единствениот Мастерс турнир кој му фали во неговата кариера.

Тој преку Фејсбук и се обратил на јавноста на која и соопшти дека докторите строго му советувале одмор.

– Жал ми е што со вас треба да ја споделам веста дека оваа година нема да играм на турнирот во Синсинати. Докторите ми наредија строго мирување за да ја залечам повредата. Како професионален спортист, секогаш го даваш максимумот за да се фокусираш, тренираш, да ги поместуваш своите граници. Најтешко е кога заради повреда и физичка болка ќе бидеш спречен да се натпреваруваш и да го постигнаш тоа што го сакаш.

– Толку многу му дадов на тенисот и спортот и толку многу добив за возврат од сите прекрасни луѓе во него, што можам само да бидам благодарен. И телото има свој ритам кој мора да се почитува, а во моментов ме води на мирување и терапија. Како и секогаш, ќе продолжам да одам напред со сета сила за да се вратам уште посилен. Ви благодарам на поддршката и на сета љубов која ми ја праќате. Се гелдаме во Њујорк, порачал Новак.

Novak Djokovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top