Вчера наутро околу 09.00 часот во Прилеп на ул.„Скопска“, во неговиот дом, К.П. (55) физички бил нападнат од страна на неговиот сосед И.Ј. (57) , при што му нанел тешки телесни повреди.
Имено, И.Ј. со вила ја отворил отклучената влезна врата од куќата, удирал по вратата, упатувал пцовки и повеќепати го удрил К.П. во пределот на главата и телото.
К.П. без свест бил однесен во Општа болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Прилеп.
И.Ј. е приведен и задржан во ПС Прилеп и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.