Големата поплава која во саботата го зафати Скопје и околината одзеде многу животи. Информацијата за потреба од помош за загрозените семејства го обиколи балканот. Нашите хумани сонародници секојдневно помагаат, а хуманоста ја покажуваат и нашите соседи.
„Фондацијата Ана и Владе Дивац“ во сопственост на легендарниот кошаркар и неговата сопруга од денес на официјалната страница на фондацијата објавија формулар за онлајн донација, во кој ги повикуваат сите да донираат за помош на семејствата на кои таа помош им е неопходна.
Капа до под за семејството Дивац кое веројатно знае како Македонците помагаа во нивната земја по страотните поплави минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.