| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалозно: Пронајден член на СДСМ кој за катастрофалното невреме не го обвинува ВМРО

Научници соопштија дека пронашле член на СДСМ кој за неверојатното невреме кое се случи во саботата во скопската котлина не го обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Човекот чиј идентитет во интерес на неговата безбедност ќе остане во тајност за страшното невреме не ја криви ниту владата ниту градоначалниците на Скопје и Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.

„Неверојатно е, шокирани сме сите“, вели Др. Митрески од тимот научници кои го проучуваат овој член на СДСМ. „Како што дознаваме разговарајќи со него, тој не само што веднаш после започнувањето на поројниот дожд не напишал статус со исмевање на ВМРО-ДПМНЕ, туку и утредента кога се дозна за големиот број жртви не изјавил дека власта предизвикала жртви, туку жалел за загубените животи и одлучил да не пишува ништо на социјалните мрежи. Неверојатно“

Членот на СДСМ во институцијата во која сега го испитуваат го донел негов пријател и партиски другар.

„Забележав дека нешто не е во ред со него уште кога не кликаше Лајк на статусите во кои се исмеваше Коце Трајановски кој, како што знаеме, на секој пороен дожд излегува на улица со службите кои се таму да ја санираат штетата“, вели неговиот пријател.

sdsm-ajvar

„Му пишав Што ти е? Ми врати дека ништо не му е, се е во ред и дека му е здосадено да се исмеваат со луѓе кои си ја работат својата работа за која се платени. Тогаш знаев дека нешто не е во ред со него и дека веројатно тотално полудел, па го донесов тука, на испитување“, вели другарот на човекот со членска на СДСМ кој не го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за се.

Научниците допрва ќе излезат со резултати од испитувањето на овој чуден човек, но неофицијално ни коментираат дека момчето на возраст од 26 години не било заинтересирано да плука по владата и министрите, туку инсистирало да донира храна, вода и средства за хигиена за поплавените граѓани, а изразил и желба да оди и на терен за да им помогне во расчистувањето на нередот после невремето.

Испитувањето на овој чуден член на СДСМ продолжува, а од неговата партија велат дека размислуваат и за ангажман на стручњаци од странство за да откријат што се случува со овој член на СДСМ. Неофицијално, тој е инфициран со вирусот „нормален човек кој ја осеќа болката на другите луѓе кои имаат мака“ и кој може да предизвика заболување т.н. „тотален не-идиотизам“. Тоа, како што велат неговите партиски другари, мора да се спречи што поскоро.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top