Човечките животи се неповратни, сè друго може да се санира, истакна Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков кој се наоѓа на терен по скопските села што ги зафати големото невреме.
– Засега билансот е 21 жртва, се уште трае претрага по теренот што беше зафатен од невремето. Не би сакал да предицирам дали ќе порасне бројот на жртви, луѓето се преокупирани со она што ги снајде. Ситуацијата е специфична, а жителите се во паника. Не сум сигурен дали ќе се појави пријава за други исчезнати лица – вели Чавков за ТВ Нова.
Тој додаде дека се прават максимални напори да бидат поправени сите штети.
– Генерално правиме максимални напори сите точки да ги покриеме соодветно со персонални капацитети, материјални технички сретства и да започнеме истовремено со санација на штетите. Санацијата пред сè ќе биде насочена кон расчистување на улиците, дворишта и куќите – појасни Чавков.
Министерот вели дека за разлика од вчерашниот ден што беше фокусиран на потврдување на димензиите на штетите, како и претрага и идентификација на жртви и спасување на лица, денешниот ден треба да биде ефективно искористен за санирање на материјалните штети.
– Поделени сме и организрани на соодветен начин. Утврдени се неколку пунктови со кои ќе координираат министри заедно со останатите институции за да се излезе во пресрет на граѓаните секаде каде што е тоа можно. Црешево, Булачани, Смилковци и Раштански пат, тоа се позициите со кои денеска ќе координирам. Имаме во моментов 100 припадници на полицијата на Република Македонија, 70 припадницџи на АРМ, 200 од дирекција за заштита и спасување. Се организиравме со месното население и започнавме со активности – истакна Чавков за „ТВ Нова“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)