| четврток, 6 декември 2018 |

Митко Чавков: Човечките животи се неповратни, се прават максимални напори да бидат поправени штетите

Човечките животи се неповратни, сè друго може да се санира, истакна Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков кој се наоѓа на терен по скопските села што ги зафати големото невреме.

– Засега билансот е 21 жртва, се уште трае претрага по теренот што беше зафатен од невремето. Не би сакал да предицирам дали ќе порасне бројот на жртви, луѓето се преокупирани со она што ги снајде. Ситуацијата е специфична, а жителите се во паника. Не сум сигурен дали ќе се појави пријава за други исчезнати лица – вели Чавков за ТВ Нова.

cavkov-5

Митко Чавков, министер за внатрешни работи

Тој додаде дека се прават максимални напори да бидат поправени сите штети.

– Генерално правиме максимални напори сите точки да ги покриеме соодветно со персонални капацитети, материјални технички сретства и да започнеме  истовремено со санација на штетите. Санацијата пред сè ќе биде насочена кон расчистување на улиците, дворишта и куќите – појасни Чавков.

Министерот вели дека за разлика од вчерашниот ден што беше фокусиран на потврдување на димензиите на штетите, како и претрага и идентификација на жртви и спасување на лица, денешниот ден треба да биде ефективно искористен за санирање на материјалните штети.

– Поделени сме и организрани на соодветен начин. Утврдени се неколку пунктови со кои ќе координираат министри заедно со останатите институции за да се излезе во пресрет на граѓаните секаде каде што е тоа можно. Црешево, Булачани, Смилковци и Раштански пат, тоа се позициите со кои денеска ќе координирам. Имаме во моментов 100 припадници на полицијата на Република Македонија, 70 припадницџи на АРМ, 200 од дирекција за заштита и спасување. Се организиравме со месното население и започнавме со активности – истакна Чавков за „ТВ Нова“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top