| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија е нов јуниорски европски првак во ракомет

spanija u20

Јуниорската репрезентација на Шпанија е нов освојувач на Европското првенство, откако во финалето по продолженија ја совладаа Германија со 30:29. Младите ракометари на „црвената фурија” одиграа подобро во двете екстра полувремиња, откако мечот во регуларните 60 минути заврши 25:25.

Шпанците, имаа подобро отворање на финалето, и после првиот дел имаа предност од 12:9. Но, „панцерите” заиграа далеку поефикасно во вториот дел каде што дадоа 16, а примија 13 голови, со што се изборија за дополнителни 10 минути.

Таму, пак, немаа сили за комплетен пресврт, и на крајот мораа да се задоволат со сребрениот медал.
Шпанија, на тронот ја замени Франција, која во мечот за бронзата ја победи Хрватска со 35:30.

Лидер на шпанската репрезентација во финалето беше Даниел Душебаев, најмладиот во познатото ракометно семејство. Во натпреварот за титулата, помладиот син на Талант Душебаев постигна 10 гола и беше најзаслужен за триумфот на Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top