| четврток, 6 декември 2018 |

Мрачна тајна се крие позади разводот на Владе и Снежана Дивац?

Некогашната НБА-ѕвезда Владе Дивац се разведува со сопругата Снежана. Нивната бракоразводна парница е во завршната фаза, по што ќе се знае конечната распределба на имотот вреден милиони евра, пренесува „Блиц“.

Владе и Снежана се разведуваат по 27 години брак.

Познаници на семејството Дивац за српскиот весник велат дека во последниот период можело да се забележи дека бракот е во криза, а Владе и Снежана престанаа заедно да се појавуваат во јавноста.

Но, според „Блиц“ постојат и многу нејснотии, а се почнува со една кобна ноќ.

6LTktkqTURBXy9hYzQ5NTk4ZWQ0MmMzNGQxZDBhMTIxODE3YmViYzJjYi5qcGVnk5UCzQMUAMLDlQLNAdYAwsOVB9kyL3B1bHNjbXMvTURBXy8xZDc0Y2I0MTcwNTk1MDQzNjYyOWNhYmQ2MDZmNTBmNi5wbmcHwgA

Во јули 2014 година на Бранковиот мост во Београд се случи тешката сообраќајна несреќа во која загина 21-годишниот Лука Јовановиќ, кој беше со автомобил „кантримен“. Возачот Марко Миличев, кој побегна од местото на настанот, подоцна беше пронајден и осуден. Во автомобилот со него беа и неколку млади лица, кои утрото во 3 часот, тргнале од еден во друг ноќен клуб.

Но, тука почнува мистеријата – возилото никогаш не е пронајдено, а возачот не сака да открие каде е.

Иако случајот е затворен, таткото на Лука, Бојан Јовановиќ во својата исповед за „Блиц“ за двегодишнината од смртта на неговото дете, повторно ја поврза Снежана Дивац со овој настан.

JyUktkqTURBXy81YWU0ODQ3NWQ3Y2Q0MGFmNDFlNWNhMjMyNTE4M2UxZC5qcGVnk5UCzQMUAMLDlQLNAdYAwsOVB9kyL3B1bHNjbXMvTURBXy8xZDc0Y2I0MTcwNTk1MDQzNjYyOWNhYmQ2MDZmNTBmNi5wbmcHwgA

Сопругата на кошаркарот тврдела дека го сонувала Лука трипати и тоа преку телефон му го кажала на семејството Јовановиќ.

– Ако може мирно да спие после се, тогаш добро. Меѓутоа, самата приказна е полна со нејаснотии. Нејзината посета, нејзините изјави, фактот дека на ноќта на несреќата на Владе Дивац му пукнал чиирот и што на крајот се преселија во САД. По градот се зборува и за тоа колку пари се даени и кој со кого ги поделил….Сепак, јас неа не ја обвинувам, кој сум јас да го прозвам Владе Дивац, толку пати сум се веселел во животот поради него – рекол Бојан Јовановиќ.

Снежана најавила тужба против него и му порачала дека ќе се видат на суд.

9pVktkqTURBXy9jMDU1NGIzNGI0ZTdlNGM2NTZkNGE2NTVhYjQyNzExOC5qcGVnk5UCzQMUAMLDlQLNAdYAwsOVB9kyL3B1bHNjbXMvTURBXy8xZDc0Y2I0MTcwNTk1MDQzNjYyOWNhYmQ2MDZmNTBmNi5wbmcHwgA

Кошаркарот сега е во САД, каде што стана потпретседател во својот поранешен клуб, Сакременто Kингс. Веднаш по завршувањето на Олимписките игри ќе ја напушти и својата друга функција, претседател на Српскиот олимписки комитет и заскогаш ќе се пресели во САД.

Владе и Снежана имаат два сина Лука (25) и Матија (22), како и ќерката Петра, која ја посвоија во 1999 година, веднаш по бомбардирањето на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top