Некогашната НБА-ѕвезда Владе Дивац се разведува со сопругата Снежана. Нивната бракоразводна парница е во завршната фаза, по што ќе се знае конечната распределба на имотот вреден милиони евра, пренесува „Блиц“.
Владе и Снежана се разведуваат по 27 години брак.
Познаници на семејството Дивац за српскиот весник велат дека во последниот период можело да се забележи дека бракот е во криза, а Владе и Снежана престанаа заедно да се појавуваат во јавноста.
Но, според „Блиц“ постојат и многу нејснотии, а се почнува со една кобна ноќ.
Во јули 2014 година на Бранковиот мост во Београд се случи тешката сообраќајна несреќа во која загина 21-годишниот Лука Јовановиќ, кој беше со автомобил „кантримен“. Возачот Марко Миличев, кој побегна од местото на настанот, подоцна беше пронајден и осуден. Во автомобилот со него беа и неколку млади лица, кои утрото во 3 часот, тргнале од еден во друг ноќен клуб.
Но, тука почнува мистеријата – возилото никогаш не е пронајдено, а возачот не сака да открие каде е.
Иако случајот е затворен, таткото на Лука, Бојан Јовановиќ во својата исповед за „Блиц“ за двегодишнината од смртта на неговото дете, повторно ја поврза Снежана Дивац со овој настан.
Сопругата на кошаркарот тврдела дека го сонувала Лука трипати и тоа преку телефон му го кажала на семејството Јовановиќ.
– Ако може мирно да спие после се, тогаш добро. Меѓутоа, самата приказна е полна со нејаснотии. Нејзината посета, нејзините изјави, фактот дека на ноќта на несреќата на Владе Дивац му пукнал чиирот и што на крајот се преселија во САД. По градот се зборува и за тоа колку пари се даени и кој со кого ги поделил….Сепак, јас неа не ја обвинувам, кој сум јас да го прозвам Владе Дивац, толку пати сум се веселел во животот поради него – рекол Бојан Јовановиќ.
Снежана најавила тужба против него и му порачала дека ќе се видат на суд.
Кошаркарот сега е во САД, каде што стана потпретседател во својот поранешен клуб, Сакременто Kингс. Веднаш по завршувањето на Олимписките игри ќе ја напушти и својата друга функција, претседател на Српскиот олимписки комитет и заскогаш ќе се пресели во САД.
Владе и Снежана имаат два сина Лука (25) и Матија (22), како и ќерката Петра, која ја посвоија во 1999 година, веднаш по бомбардирањето на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто бројот 137 е најмистериозен број во физиката?
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона