| четврток, 6 декември 2018 |

Неговиот изглед сите ги шокира – синот на Мајкл Даглас по 7 години излезе од затвор (ФОТО)

По седум години поминати во затвор, каде ја отслужи казната за поседување и продажба на наркотици, Камерон Даглас ја доби и првата работа.

Синот на познатиот актер Мајкл Даглас стана заштитно лице на една њујоршка модна куќа, а потоа на улиците на мегалополисот ја снимил и својата прва модна кампања. Освен новооткриениот афинитет за мода, тој на својот „Инстаграм“ профил се пофалил и дека почнал да пишува поезија. Воедно објаснил и дека на торзото прекриено со големи тетоважи, една е особено значајна, бидејќи ја посветил на својот татко.

Not going to quit until I get there. #tattoo #bodyink #camerondouglas

A photo posted by Cameron Douglas (@cameronmorrelldouglas) on


Младиот Даглас деновиве има успех и на приватен план, откако ја започнал врската со младата инструкторка по јога Вивијан Тибс. Инаку, во текот на издржувањето на седумгодишната затворска казна, бил во врска со две девојки, кои, како и тој, завршиле зад решетки, бидејќи на негово барање се обиделе да прошверцуваат наркотици во затворот.

Better days! #camerondouglas

A photo posted by Cameron Douglas (@cameronmorrelldouglas) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top