Македонскиот претставник ќе игра против еден од најсилните белгиски колективи во плејофот од Лигата на Европа.
Екипата на Шкендија го доби Гент за противник во плејофот од Лигата на Европа. Тетовскиот тим кој игра одлични квалификации во ЛЕ, ќе го има најсилниот тест досега. Гент претставува еден од најдобрите клубови од Белгија, а овој двомеч ќе претставува вистинска проверка на силите за „црвено-црните”, за нивните реални достигнувања. Првиот натпревар е во Белгија, додека реваншот ќе се игра во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.