Белгиската фудбалска федерација изненади многумина со изборот на нов селектор откако Роберто Мартинез беше избран за наследник на Марк Вилмотс како предводник на „црвените ѓаволи“ во следните две години. Иако во игра беа и далеку попознати тренерски имиња, Белгијците се решија да му ја доделат одговорната функција на Мартинез, кој летово беше отпуштен од Евертон.
Шпанецот важи за стратег кој има далеку од врвно реноме, пред Евертон работеше и во Свонси и во Виган (тим со кој го освои ФА Купот, но и испадна од Премиер-лигата), па токму затоа изненадувачки е изборот токму Мартинез да биде предводник на репрезентацијата која важи за една од најталентираните во Европа, во чиишто редови играат асови како Азар, Де Бруин, Лукаку…
Белгија се наоѓа во група со БиХ, Грција, Естонија, Кипар и Гибралтар во квалификациите за СП 2018 во Русија, а прва задача за Мартинез ќе биде да го освои првото место во групата и да обезбеди директен пласман на мундијалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.