Македонска олимписка експедиција која брои 14 члена пристигна во Рио каде в петок со церемонијата на свеченото отворање ќе започне Летната Олимпијада. Подобрување на личните и државните рекорди е целта на пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.
Делегацијата ја дополнуваат нивните тренери, Владимир Богоевски (спортски директор на МОК) и докторот Зоран Ханџиски. Во Бразил ќе патуваат и првиот човек на МОК и генералниот секретар Васил Тупурковски и Сашо Поповски на покана на Интернационалниот олимписки комитет.
Катерина Николовска ќе се натпреварува во џудо, категорија 63 килограми. Таа е првата која ќе ги брани националните бои во овој спорт. Пливачите Блажевски и Богдановски своите квалификациски трки на 200 метри мешано, односно 200 метри слободно ќе ги имаат на 10 август (Блажевски) и 15 август (Богдановски). Наши адури се и стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.
Македонија во Рио де Жанеиро ќе ја преставуваат и тројца судии Начевски и Николов во ракомет и Поповски во тенис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.