| четврток, 6 декември 2018 |

ВАДА незадоволна од извршените допинг контроли на ОИ во Рио

vada-labaratorija

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го објави својот извештај за Олимписките игри во Рио, во кој забележа огромен број на сериозни пропусти.

Извештајот од 55 страни посочува дека од 11.470 спортисти, дури 4.125 не биле воопшто тестирани во 2016, од кои 1.913 настапувале во „спортови со високи ризици“. Покрај тоа се посочува дека речиси половина од тестовите не биле извршени бидејќи не можеле да се лоцираат спортистите.

Меѓу проблемите кои се забележани се над 100 примероци кои не можат да се поврзат со ниту еден спортист поради грешки при внесот на податоци, еден примерок бил загубен и најден два месеци по Игрите, немало тестирање на крвта во многу „ризични спортови“, како кревањето товар, се извршиле 500 тестови помалку од предвиденото, а до 8 август, само 4.795 спортисти ги дале податоците за тоа каде ќе бидат за тестирање.

ВАДА, сепак, ја пофали лабораторијата во Рио, иако таа беше суспендирана шест месеци пред Игрите. Според ВАДА, лабораторијата била „одлично опремена“ и функционирала „сигурно, безбедно и ефикасно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top