Македонските параолимпијци Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов го завршија својот настап на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро со освоеното четврто место на Наковска-Бикова во дисциплината 50 метри воздушен пиштол.
На крајот завршивме без освоен медал, иако Наковска-Бикова за малку остана без бронзата освојувајќи го четвртото место со погодени 138,1 кругови.
– Нашите олимпијци дадоа сè од себе. Мора да бидеме задоволни со настапите. Оливера стрелаше во конкуренција на 34 најдобри стрелци на планетава во овој момент и „машки“ се избори за финале и висок пласман, што е навистина за честитки – вели тренерот на параолимпијците, Бранимир Јовановски.
Во претходните настапи Наковска-Бикова го освои седмото, а Каранфилов не влезе во финалето и го освои 16. место во дисциплината воздушен пиштол. Потоа во дисциплината Спорт пиштол 25 метри, Наковска-Бикова заврши на 14. место, а Каранфилов на 24. позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.