| четврток, 6 декември 2018 |

И тие се натпреваруваа за медали: Заборавените олимписки спортови

Олимписките игри се менувале со текот на годините, а многу дисциплини кои некогаш имале многу навивачи денес не ни знаеме дека некогаш постоеле.

Пукање во гулаби (1900 г.)

eb6746bc28476104ead7

Кошмар на активистите за заштита на правата на животните, Околу 300 птици се убиени во оваа бизарна дисциплина, но за среќа се појавила само еднаш на Олимписките игри и никогаш повеќе.

Во оваа дисциплина се прославил Белгиецот Леон де Лунден, кој за титулата најдобар убил 21 птица.

Пливање со пречки (1900 г.)

7e5812055b8b82e5e560

Мајкл Фелпс соборува рекорди, а на овие ЛОИ ја зацврсти титулата на нанајуспешен олимписки спортист, Но, и тој би се намачил во дисциплината која како и претходната се јавува само еднаш на ОИ – пливање со пречки.

Имано, пливачите морале да се качуваат, да скокаат од чамец на чамец, а потоа да нуркаат под долга низа чамци. Оваа дисциплина била застапена на ЛОИ во Париз во 1900 година. Натпреварувачите пливале во реката Сена, па морале да се борат и со силната речна струја.

Победил Австралиецот Фредрик Лејн, кој на истите игри освоил и злато на 200 метри слободно.

Тегнење јаже (1900-192о)

28aee6b3a1906c73ef54

Тегнење јаже на ОИ било во официјалната програма на пет изданија на Игрите, во периодот од 1900 до 1920 г.(ОИ не се одржале во 1916 година поради Првата светска војна). Во првите години бил дозволен настап на комбинирани екипи од повеќе земји и на повеќе екипи од иста земја.

Екипите се состоеле од осум натпреварувачи кои имале пет минути да ги совладаат противниците. Оваа дисциплина има долга историја, зашто уште старите Грци ја вивеле во оригиналните ОИ.

Ла кан (1924 г.)

dcc89e9dcf1ad8f00ee2

Мечување со дрвени стапови, многу слично на мечувањето, но со друг тип оружје. Оваа вештина се развила во Франција во почетокот на 19 век како дел од самоодбрана за господа кои носеле стапови за одење.

Олимписка дисциплина била само еднаш во 1924 г.

Качување по јаже (1896 – 1932)

5b2e143ca80b0d67170b

Качување по јаже е веројатно онаа вежба од физичко која ја памтите како кошмар од училишните денови. Кога се појавила првпат на ОИ, натпреварувачите морале да се качат 15 метри но смедните натпреварувања биле поблагикон натпеварувачите, па од нив се очекувало за златото да се изборат со висина од 8 метри.

Синхронизирано пливање (1984 – 1992)

9592e1666a8962f2be43

Синхронизираното пливање и не е толку необично, но кога се натпреварува само еден спортист, малку е бизарно. Оваа дисциплина била воведена на ОИ во Лос Анџелес во 1984 година, а златото ѝ припаднало на Трејси Руиз.

Слично како и групното синхронизирано пливање напреварувачот прикажува некој вид балет во вода, а единствена разлика е што во базенот се наоѓа сам. Организаторите рекле тогаш дека бараат од натпреварувачот да се синхронизира со музиката наместо со членовие на својата екипа, како што е во групното синхронизирано пливање. По 1992 оваа дисциплина е исгрлена од ЛОИ.

Хокеј на ролери (1992)


Иако е многу сличен на хокејот на мраз, хокејот на ролери не ги освои срцата на спортската публика. Се појавил само еднаш на ОИ, во Барселона во 1992 г. Тогаш во финалето Аргентина ја победи Шпанија и со го понесе дома златото.

Кабади (1936 г.)

Овој спорт потекнува од Индија, а на ОИ се појавил само еднаш, во 1936 г.

Двајца натпреварувачи треба да преминат на непријателската страна на игралиштето, да се борат со противникот и да се вратат на својата страна.

Возење велосипед во тандем (1920 – 1972)

0addf9071343e8d9a9ff

Возење велосипед во тандем првпат се појавило на ОИ во 1908 г. и се изведувало се до 1972 г.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top