Жозе Мурињо му го „честиташе“ денешниот роденден на Бастијан Швајнштајгер со тоа што го испратил да тренира со резервниот тим на „црвените ѓаволи“ индиректно најавувајќи го неговото заминување од „Олд Трафорд“.
Ова и не беше најпосакувано сценарио за Германецот на неговиот 32. роденден, а ваквата „роденденска честитка“ не наиде на симпатии ниту кај најголем број фанови на Манчестер Јунајтед.
no respect
— Tobi Schweinsteiger (@tobits7) August 1, 2016
Покрај многуте критики за фактот што менаџерот се откажува од германскиот репрезентативец само една година по неговото доаѓање, со кратка и јасна порака на Твитер се огласи и братот на фудбалерот, со пораката очигледно наменета за Мурињо:
„Без респект“
Оваа порака наиде на големо разбирање и поддршка на социјалната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.