| четврток, 6 декември 2018 |

Втор степен на предупредување за невреме во дел од Балканот

meteo po zemjiЕвропскиот Метеоролошки Институт – Естофекс денеска издаде предупредување од второ ниво во кое предупредува на бура, која може да го зафати подрачјето на Словенија, Црна Гора, БиХ и Хрватска.

Според предупредувањето, реонот го очекува бура, поројни дождови, заладување и силен ветер. Невремето ќе започне кон средината на денов, а подобрување на времето се очекува дури в четврток.

Влошување на временските услови веќе е регистрано во некои делови на Хрватска. Високи бранови поплавија неколку улици на островот Паг. Во Риека утринава паднаа поројни дождови, проследени со грмотевици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top