Европскиот Метеоролошки Институт – Естофекс денеска издаде предупредување од второ ниво во кое предупредува на бура, која може да го зафати подрачјето на Словенија, Црна Гора, БиХ и Хрватска.
Според предупредувањето, реонот го очекува бура, поројни дождови, заладување и силен ветер. Невремето ќе започне кон средината на денов, а подобрување на времето се очекува дури в четврток.
Влошување на временските услови веќе е регистрано во некои делови на Хрватска. Високи бранови поплавија неколку улици на островот Паг. Во Риека утринава паднаа поројни дождови, проследени со грмотевици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.