| четврток, 6 декември 2018 |

Сексапилна фудбалерка ќе помине 15 години зад решетки (фото)

Една од најсексапилните фудбалерки, Колумбијката Јулијана Лопез, доби 15 години затвор поради шверцување дрога.

fudbal-2.jpg-500

Иако многу години ќе помине зад решетки, Колумбијката е среќна поради тоа, пред сè поради тоа што прво ѝ беше одредена смртна казна, но властите во Кина, сепак, одредиле да биде помилувана, па казната беше намалена на само 15 години.

5555555555.jpg-500

Фудбалерката на Лас Дивас од Меделин беше уапсена на аеродромот во Кина, а за време на претресот, цариниците пронајдоа кокаин сокриен во нејзиниот лаптоп.

Освен што се занимава со фудбал, Јулијана беше и мис на Колумбија, а работи и како моделка во својата држава. Таа беше уапсена заедно со нејзиното момче кога влегувале во кинескиот град Гуанжу.

Лопез често патувала во Кина, од каде што ја купувала дрогата, а потоа ја продавала во Колумбија по драстично повисока цена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top