Шлепер со кумановски регистратски таблички се запали на автопатот Скопје-Гевгелија пред клучката кај Смоквица. Инцидентот се случил вчера поладне од засега нејасни причини.
Возачот успеал веднаш да излезе и да се спаси, но од запалениот шлепер огнот за кратко
време се проширил и продолжил да разгорува кон ниско стеблеста шума, пренесува „Канал 5“.
Противпожарни единици од Гевгелија, Валаново како и Демир Капија учествувале во гаснењето на пожарот, а на местото на настанот помагале и вработени со возила од гевгелиското комунално претрпијатие.
Поради ветрот огнот се ширел со голема брзина и биле зафатени над 50 хектари ниско стеблеста шума.
Спасена е штала со говеда, но не и столбови на далеководот на ЕВН кој поминува од Смоквица до Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)