| четврток, 6 декември 2018 |

Изгоре шлепер кај Смоквица (ВИДЕО)

Шлепер со кумановски регистратски таблички се запали на автопатот Скопје-Гевгелија пред клучката кај Смоквица. Инцидентот се случил вчера поладне од засега нејасни причини.

Возачот успеал веднаш да излезе и да се спаси, но од запалениот шлепер огнот за кратко
време се проширил и продолжил да разгорува кон ниско стеблеста шума, пренесува „Канал 5“.

Противпожарни единици од Гевгелија, Валаново како и Демир Капија учествувале во гаснењето на пожарот, а на местото на настанот помагале и вработени со возила од гевгелиското комунално претрпијатие.

Поради ветрот огнот се ширел со голема брзина и биле зафатени над 50 хектари ниско стеблеста шума.

Спасена е штала со говеда, но не и столбови на далеководот на ЕВН  кој поминува од Смоквица до Гевгелија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top