| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ обезбеди полуфинале во Торонто

djokovic-toronto-2016

Светскиот рекет број, Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на „Роџерс купот“ во Торонто.

Најдобриот светски тенисер, иако не одигра најдобро во дуелот со чешкиот тенисер Томаш Бердих сепак забележа победа во два сета и тоа со 7:6 и 6:4. Со ова Србинот ја продолжи низата од дванаесет победи во дуелите со Бердих.

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето ќе се сретне со Французинот Гаел Монфилс (10. носител), кој славеше над домашниот адут Милош Раониќ (4.).

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Станислас Вавринка и Кеи Нишикори.

Вавринка место меѓу четворицата најдобри во Торонто избори со победата од 2:0 во сетови над Јужноафриканецот Андерсон, додека Јапонечот Нишикорои во полуфиналето се пласира со победата над Димитров од Бугарија кој го совлада со 2:1 во сетови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top