| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Приштина, 40-тина повредени на „Пивофест“

Во инцидентот што доцна синоќа се случи на плоштадот „Захир Пајазити“ во Приштина, каде се одржуваше шестото издание на манифестацијата „Пиво Фест”, повредени се повеќе од 40 лица.

Информацијата ја потврди портпаролот на косовската полиција, Баки Келени.

– Во Клиничката болница помош побарале повеќе од десетина лица. Повеќето од нив се повредени при бегање од создадната паника, има и лица кои побарале помош поради вознемиреност, а засега има потврда дека со огнено оружје повредно е едно лице во пределот на ногата, изјавил Келени.

Инцидентот се случил околу 23 часот, на самиот почеток на манифестацијата, кога се слушнало пукање од огнено оружје кое создало голема паника меѓу присутните, кои бегале панично на сите страни, барајќи објект каде да се засолнат.

Во таа панична атмосфера предизвикана е и голема материјална штета.

Бројни полициски сили и многу амбулантни возила веднаш пристигнале на плоштадот.

Еден од оганизаторите на фестивалот на пивото во Приштина, Енѓелуше Латифи изјавила дека станува збор за мал инцидент, кој на почетокот се случил меѓу двајца млади, по што народот го фатило паника и почнал избезумено да бега.

– Беше вистинска војна. Најстрашно беше кога слушав „Господе помогни ни“. Мислевме дека е терористички напад. Имаше и деца кои бараа помош, жално, раскажува очвидец.

Полицијата потврдила дека во еден часот по полноќ состојбата се смирила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top