| четврток, 6 декември 2018 |

„Ако громобраните беа исправни, девојчињата немаше да настрадаат“

Српскиот метеоролог Часлав Станојевиќ вели дека треба да има полициска истрага за она што се случи кога на улица во град две девојчиња загинаа од удар на гром.

Треба да се истражи дали Салата на спортовите, каде што се случи несреќата, имала исправен громобран.

– Ако зградата каде што се случила несреќата имала исправни громобрани немаше да има несреќен случај. Несреќата можела да биде и поголема ако во ист момент од салата изгледле повеќе луѓе и громот да удри во нив – изјави Станојевиќ за српските медиуми. Тој неколку години работел на вештачења од удари од гром.

Тој додава дека поради тоа треба да се спроведе полициска истрага протв Н.Н. бидејќи е недоздолено во град луѓето да страдаат од гром.

Станојевиќ вели дека поголем број згради во Србија, вклучувајќи го и Белград, немаат громобрани или имаат проблематични громобрани. Проблемите почнале кога поради радиокативност од зградите биле симнати стари громобрани, а не се поставени современи.

Современите громобрани работат на тој начин што со својата конструкција го наведуваат громот односно електричното празнење на себе и на тој начин го штитат просторот во пречник од 400 метри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top