Македонскиот олимписки комитет информира дека за носител на македонското знаме на церемонијата на отварање на Олимписките игри Рио 2016 е одредена пливачката Анастасија Богдановски.
-Оваа одлука е голема чест за Анастасија Богдановски и е донесена врз основа на нејзините резултати според кои таа е најдобриот македонски спортист кој ќе учествува на ОИ РИО 2016 – велат од македонската куќа на олимпизмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.