| четврток, 6 декември 2018 |

ЛОИ во Рио: Прво место за Пандев за пласман во квалификациите

Ристе Пандев, најдобриот македонски атлетичар го освои првото место во својата трка во квалификациите на 100 метри на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои се во тек во Рио де Женеиро.

Пандев спринтерката патека ја мина за време од 10.72 секунди, со што беше најдобар во својата трка, оставајќи го зад себе Судирман Хади од Индонезија, Мохамед Абукхуса од Палестина и уште петмина ривали.

Со одличниот настап, македонскиот атлетичар обезбеди и пласман во следната фаза од квалификациите, па во текот на денот повторно ќе се најде на патеката во Рио де Жанеиро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top