Фехаид Алдихани (49), кој на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Рио де Женеиро пристигна како независен учесник, освои злато во стрелаштво во дисциплината двоен трап.
Поради мешање на власта во спортот, Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) му забрани на Кувајт настап на Игрите во Рио, така што војникот Алдихани бил приморан во Бразил да отпатува како независен учесник.
Тој денеска испиша историја откако стигна до златниот медал во стрелаштво, во дисциплината двоен трап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.