
Германската Влада вечерва заседава на вонредна седница во врска со нападот во трговскиот центар во Минхен, при кој според последните полициски информации загинаа најмалку шест лица.
Како што јави ДПА, на седницата досега не пристигнала германската канцеларка Ангела Меркел, како ни минстерот за внатрешни работи Томас де Мезиер, кој попладнево заминал на одмор во САД, но според извори во Министерството тој го прекинал одморот.
Некои германски медиуми јавија дека при нападот загинале седум лица, но претставник на полицијата изјави дека не може да ја потврди оваа информација, повторувајќи го претходното полициско соопштение за шестмина убиени. Полицијата апелираше до граѓаните да на објавуваат шпекулации во врска со случувањта во Минхен на социјалните мрежа. - Тоа ќе ни ја олесни работата- порача полицијата.
Минхенската полиција отвори и специјален број на кој граѓаните ќе можат да добијат информации за исчезнати лица, кои во време на нападот биле во реонот околу трговскиот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


