Младинскиот репрезентативец на Македонија до 21 година, Даниел Аврамовски, и во претстојната сезона нема да добие шанса да се докаже во дресот на Црвена Звезда. Како што информираат српските медиуми, тој не е лиценциран во составот на „црвено-белите“ за новиот шампионат на Србија, а тоа значи дека ќе мора да замине на нова позајмица. Минатата сезона Аврамовски ја мина во редовите на српскиот прволигаш ОФК Београд.
За услугите на Даниел Аврамовски ова лето интерес покажа хрватскиот првак Динамо Загреб, но, сепак, Црвена Звезда не сакаше да се откаже од него и да го продаде. Но, тренерот на српскиот шампион Миодраг Божовиќ одлучи дека нема да смета на Аврамовски како дел од 29-те фудбалери кои се лиценцирани за новата сезона. Покрај Аврамовски, во ростерот не влегоа и Стефан Милошевиќ, Адам Мичел, Владимир Јововиќ, Џошуа Паркер и Петар Орландиќ.
Миодраг Божовиќ во новата сезона сериозно ќе смета на капитенот на младиот национален тим на Македонија, Давид Бабунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.