| четврток, 6 декември 2018 |

Заев во депресија од новиот договор се крие во хациендата во Грција!

zaev mesijaТешка депресија. Ова е дијагнозата на грчкиот психијатар кој вчера одржал тричасовна сеанса со лидерот на СДСМ. Скриени од светот, психијатрискиот распит на извесен доктор Јанис се одвивал во подрумот на Заевата хациенда на Егејското море.

Причина за тешката депресија на Заев бил резултатот од последниот договор, на кој СДСМ, притиснат од чадорот, се согласи на безусловна капитулација и мораше да прифати услови кои ќе значат сигурен крај на комуњарската одисеја и дефинитивен распад на партијата, соопшти ексклузивно ТВ „Селма.“

Најголемиот страв на лидерот бил дека на 31 август, кога и треба да се одржи лидерската средба на која треба да се потврди дека се исполнети условите за избори, кои се веќе исполнети, Заев ќе треба да потпише и даде согласност за одење на избори, кои однапред знае дека ќе ги изгуби. „А1, оф!“ пренесе дека стравот на лидерот од претстојниот декемвриски дебакл на избори се манифестирал со параноја, цело време си замислувал дека чадорот е зад него и му вели: „Заев, мораш да одиш на избори, мораш! You must go to elections! You must!

По препишувањето нa еден куп хелекси и дијазепами, грчкиот психијатар заминал од хациендата со тажна фацијална експресија, полна со сочувство за состојбата нa лидерот, велат извори од портирницата на хациендата за „Минус инфо.“

Смирен со лекарствата и соочен со силната осуда од шарените побратими Тричко, Зеколи, Ивор, Ванковска и компанија, лидерот малку се опуштил, се собрал и со солзи во очите, како и секогаш кога е вознемирен мешајќи струмички,  им се доверил на најблиските:

„Не, не сам ја крив! Не, Рада е крива, она потпиша тамо, ја веќе бех на плажа и уживах под чадоро. Не плуајте по мене, ја не сам за избори, јаз’к нека е договоро, Рада е крива, башка Шилегов, Рената и друзите! Ас не искам избори, това ќе значе политичко самоубиство, не искам!“ – завапил Заев и полн со траор заминал на плажа.

Со исклучени телефони, без интернет и без струја во хациендата, за што налог дал самиот депримиран лидер, тој решил да мине макар месец дена во Грција, соопшти „24 паравести“. Бадијала биле и обидите на професионалците од Dowm tema да го домкнат на интервју, тој не бил достапен.

Последната информација на порталот „Криф“ е дека црпнатиот лидерот од Муртино добил генијална идеја за сопствен спас – да се замонаши на Света Гора. Прво, имал предиспозиции оти бил црпнат, а второ така не морал да ја напушти Грција и да се врати во Македонија, момент кој му предизвикувал тешки кошмари. Сонувал и се будел облеан во пот дека по изборите го чекало сапунче на врвка за под туш и брачен кревет во една казнено-поправна институција. Тука, не помагале ниту хелексите и дијазепамот од доктор Јанис.

Конечниот удар му ја нанела сликата на чадорот кој со неговиот најлут самозамислен политички душман отвора фабрика, само еден ден по катастрофалниот договор. Последните информации велат дека депресијата заземала рамки на епидемија во СДСМ, целата врхушка ја префатила. На влез на екс Бихаќка, наместо бомбончиња портирот нудел апчиња за смирување, кои многу-многу не им помагале на потресените членови на раководството. Последните информации велат дека сите групно заминале на опоравак кај лидерот во хациендата, Димова го возела двоспратниот автобус, а Јанис триел раце…

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top