| четврток, 6 декември 2018 |

Албан Хоџа е херојот на вчерашните квалификациски натпревари за ЛШ (видео)

alban hodza

Во вчерашните натпревари од второто квалификациско коло за ЛШ, најголемото изненадување го направи екипата на Партизани од Албанија, која го елиминираше унгарскиот претставник Ференцварош по изведувањето на пенали.

Албанскиот тим „влета“ во квалификациите пред само неколку дена откако УЕФА ја потврди суспензијата на шампионат на оваа земја, Скендербег.

Јунак на натпреварот беше голманот на албанската екипа, Албан Хоџа кој одбрани три пенали и самиот се запиша во листата на стрелци, постигнувајќи ефектен гол со „паненка“.

Со трите одбрани од четири удари, Хоџа ја однесе екипата во третото коло, каде ќе се сретне со австриски Салцбург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top