| четврток, 6 декември 2018 |

Катастрофа кај Гибралтар: Британска нуклеарна подморница се судри со трговски брод

Една од најновите британски нуклеарни подморници, „Амбуш", за време на редовни вежби се судри со трговски брод, по што морала да се вкотви кај Гибралтар, соопшти денеска Министерството за одбрана на Велика Британија

podmornica trgovski brod

Една од најновите британски нуклеарни подморници, „Амбуш”, за време на редовни вежби се судри со трговски брод, по што морала да се вкотви кај Гибралтар, соопшти денеска Министерството за одбрана на Велика Британија.

3676128100000578-3700175-image-a-23_1469086635061

Како што се наведува во соопштението, Кралската воена морнарица веднаш покрена истрага за настанот. Првичните информации велат дека судирот не бил директен, па подморницата претрпела само „надворешно оштетување“.

36731CAC00000578-3700175-Embarrassing_The_HMS_Ambush_submarine_pictured_was_submerged_and-a-14_1469084378688

Инцидентот се случил завчера и при тоа нема повредени лица. Исто така, нуклеарниот реактор на подморницата не е оштетен, пренесува „Би-Би-Си“.

Подморницата „ХМС Амбуш“ е долга 97 метри и чини 1,6 милијарди фунти, а е вооружена со торпеда и крстосувачки ракети „Томахавк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top