| четврток, 6 декември 2018 |

„Вардар“ вечерва игра со Динамо Загреб на „Максимир“

„Вардар“ вечерва на „Максимир“ ќе се сретне со Динамо Загреб во 2 квалификациско коло од Лигата на Шампионите. Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски направи неколку измени во почетниот состав, во однос на првиот натпревар во Скопје, бидејќи одбранбените редови комплетно потфрлија на првиот меч на „Филип Втори“ па сега во Загреб ќе ги нема стоперот Немања Мијушковиќ и Горан Попов. На нивно место вечерва на „Максимир“ ќе истрчаат Томе Пачовски, украинскиот интернационалец Евгениј Новак и Дарко Глишиќ.

Останатиот дел од екипата го сочинуваат:Стефан Спировски, Никола Глигоров, Хуан Фелипе, Јасир Асани, Којашевиќ, Џонатан Балотели.

Дуелот меѓу Динамо Загреб и Вардар на „Максимир“ е вечерва во 20:45 часот со директен преност на ТВ Телма. Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на хрватскиот шампион од 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top