| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар по Мијушковиќ остана и без Попов за реваншот во Загреб

popov

Утревечер на „Максимир“, Вардар во својот состав ќе го нема Горан Попов. Левиот бек не замина со екипата за Загреб со утринскиот лет од Скопје. Причините се повреда на скочниот зглоб од десната нога.

– Направив снимки на повреденото место. На тренингот во понеделникот ја обновив повредата. Истегнат лигамент и мирување една недела. Затоа и не заминав за Загреб – објаснува Попов за причините поради кои нема да биде со екипата.

Од стартните 11 кои беа во Скопје нема да биде во комбинација и Немања Мијушковиќ кој постигна автогол на дуелот од пред една недела. Поради стрес од тој момент кај него се појави вирус кој го оддалечи од терените.

На негово место тренерот Гоце Седлоски се очекува да го стави Новак додека на местото од Попов во стартниот тим треба да биде Дарко Глишиќ. Промени би требало да има и во нападот каде Балотели ќе игра на местото од Петар Петковски додека во средниот ред сеуште има дилеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top